Фенербахче, ќе се обидат да ги осигураат услугите на холандскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Дејли Блинд.
Гигантот од Истанбул сака прво да го позајми поранешниот фудбалер на Ајакс, а потоа, на крајот од сезоната, да го откупи неговиот договор.
Репрезентативецот на Холандија се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери и затоа е во игра и опцијата за промена на клупската средина.