ФУДБАЛ

Боатенг играше во 13 клуба, го избра најлошиот

Кевин-Принс Боатенг (33) игра во најсилните европски лиги повеќе од десет години, а најдобриот период го мина во Милано.

Боатенг, кој играше за репрезентацијата на Гана, во својата кариера смени 13 клуба. Почна во Херта, а сега е член на италијанскиот второлигаш Монца.

Во интервју за Скај Спорт, тој рече дека најтешко минал во Шалке кога размислувал да се повлече во неговите најдобри фудбалски години.

“Беше најтешкиот период, размислував да се збогувам. Но, имав 28,29 години, беше рано”, рече Боатенг.

Напаѓачот играше за Рударите од август 2013 година, до декември 2015 година, кога го раскина договорот.

Играше и за Фиорентина, Бешикташ, Сасуоло, Барселона, Лас Палмас, Ајнтрахт Франкфурт, Џенова, Портсмут, Тотенхем, Борусија Дортмунд …