ФУДБАЛ

Боатенг може да го напушти Баерн ова лето

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Џером Боатенг во летниот трансфер прозорец може да ја напушти екипата ако Баварците добијат пристојна понуда за 30-годишниот Германец.

Како што објави „Скај Спортс“, претседателот на клубот Ули Хенс го советувал Боатенг да започне потрага по нов тим.

Минатата сезона, Боатенг настапи на 28 натпревари за Баерн и оствари две асистенции.

На порталот „transfermarkt.de“ вредноста на фудбалерот се проценува со 30 милиони евра.