Џером Боатенг нема да добие нов договор во Баерн Минхен.
Германските медиуми пренесуваат дека европскиот шампион донел официјална одлука, и дека Боатенг ќе биде слободен на крајот од сезоната и може да го напушти клубот без обештетување.
Одлуката Баерн им ја соопшти на агентите на 32-годишниот стопер.
Боатенг ја започна својата кариера во Херта, а играше и за Хамбург и Манчестер Сити.
Тој пристигна во Баерн во 2011 година и забележа 354 настапи.