Како што пишуваат германските медиуми, Жером Боатенг нема да игра во финалето на Светското клупско првенство, каде Баерн Минхен ќе се сретне со Тигрес утре вечер. Причина секако е смртта на неговата поранешна девојка, која е пронајдена во нејзиниот стан.
Како што пишуваат германските медиуми, нема траги на насилство и веројатно станува збор за самоубиство. Боатенг и неговата девојка Каси Ленхард раскинале пред две недели.