Бобан Илиоски обезбеди пласман во големото финале на СП во Португалија во Кик Бокс. Во категоријата до 86 килограми тој има можност да освои златен медал во дисциплината лоу-кик. За најсјајното одличје Илиоски ќе се бори со Нубрек Уришбоев од Узбекистан, откако во полуфиналето беше подобар од Елјан Алкишиев од Азербејџан со 3:0. Борбата за златниот медал на програмата е утре.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.
-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан)
