ФУДБАЛ

Бобан Николов: Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се

Репрезентативецот на Македонија, Бобан Николов се огласи на неговиот фејзбук, по одлуката натпреварот Македонија – Косово да се одигра без публика.

„Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!
Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас.
Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа.
Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот.
Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати. Спортски поздрав ! “ – напиша Бобан на неговиот фејзбук профил.

https://www.facebook.com/nikolovb1/posts/10218941085573010

Покрај Бобан и Пандев побара одложување на натпреварот.

ПОВРЗАНО

Горан Пандев