ДРУГИ СПОРТОВИ

Бомба до крајот на неделата: Хамилтон од 2025 година во Ферари!

Фото: March 16, 2023, Jeddah, Saudi Arabia: LEWIS HAMILTON of Great Britain and Mercedes-AMG F1 Team and CHARLES LECLERC of Monaco and Scuderia Ferrari are seen in the paddock during preparations of the 2023 FIA Formula 1 Saudi Arabian Grand Prix at Jeddah Corniche Circuit in Jeddah, Saudi Arabia. (Credit Image: © James Gasperotti/ZUMA Press Wire) (Cal Sport Media via AP Images)

Тимот на Ферари е на добар пат да потпише договор со Луис Хамилтон (39), седумкратниот светски шампион во Формула 1, во следните неколку дена, најавуваат добро информираните италијански новинари.

Според истите извори, Британецот директно преговара со претседателот на Ферари, Џон Елкан и доколку се биде во ред, договор ќе биде постигнат во следните неколку дена. Хамилтон потоа би се преселил во Маранело во 2025 година, иако има договор со Мерцедес до крајот на таа година.

Меѓутоа, во истиот тој договор меѓу Хамилтон и тимот на Бракли, постои клаузула која му дозволува да го напушти тимот на крајот на 2024 година.

Во исто време, новинарот Вил Бакстон на својот X профил напиша:

„Слушам дека големата вест доаѓа на крајот на неделата. Ако е тоа што мислам, ќе биде огромно“.

Останува да видиме дали трансферот на Хамилтон во Ферари ќе испадне реалност или уште една доза неосновани шпекулации на италијанските медиуми. Минатата година, пред Британецот повторно да потпише за Мерцедес, се шпекулираше дека е блиску до преселба во најуспешниот тим во историјата на Формула 1.