Го освои Европското првенство, па одлучи кога е на врвот со репрезентативниот фудбал, да се повлече. Горан Пандев местото во репрезентацијата им го отстапи на помладите. Но, сепак на клупско ниво, не планира да се пензионира.
Според угледниот весник Газета дело Спорт, најдобриот македонски фудбалер ќе го продолжи договорот со Џенова за уште една година. Овој весник важи за добро информиран и никогаш не објавува вести кои се шпекулации. Ова значи дека Пандев ќе го гледаме уште една сезона во Серие А. Нашиот најдобар фудбалер на 27 јули ќе наполни 38 години.