Со доаѓањето на легендата Дејан Станковиќ на клупата на Црвена Звезда, многу познати имиња почнаа да се поврзуваат со овој тим. Пред неколку дена се шпекулираше дека во јануари можно е да пристигне Марио Балотели. Откако самиот се огласи и изјави дека неговиот план е да остане во Серие А, сега нова информација.

Медиумите пишуваат дека на Црвена Звезда од страна на менаџерите е понуден Џон Оби Микел. Некогашниот фудбалер на Челзи, со кој ја освои Лигата на шампионите, во моментов настапува во турскиот Трабзон,. Има 32 години, а доколку се случи негов трансфер во Белград, сигурно дека Црвена Звезда ќе добие одлично засилување.