ФУДБАЛ

„Бомба“ од Мадрид: Флорентино Перез најде замена за Зидан и не е било каква…

Зинедин Зидан неодамна го напушти Реал Мадрид, а кралскиот клуб интензивно работи на неговиот наследник.

Постојат неколку врвни тренерски имиња, но медиумите во Шпанија тврдат дека изборот паднал на Карло Анчелоти. Италијанскиот тренер волшебник се појави во прв план, а Флорентино Перез верува дека ова е вистинскиот човек што може да го врати Реал на трофејната патека.

Токму Анчелоти беше ментор на Зидан од 2013 до 2015 година. Карло го предводеше Реал до 10. титула во Лигата на шампионите, а Зидан му асистираше на Анчелоти.

Во првата сезона на Анчелоти во Реал, тој исто така го освои Купот на кралот по победата над Барселона во финалето, но во втората сезона, поранешниот тренер на Милан не успеа да освои ниту еден трофеј, па наместо тоа Перез го донесе Рафаел Бенитез.

Анчелоти потоа работеше во Баерн, потоа во Наполи, а моментално е на клупата на Евертон. Тој би можел да се врати во Мадрид, но одлуката се уште не е конечна.

Добро рангиран е и Маурицио Покетино, кого Перез многу го цени, но Аргентинецот во моментов е „заклучен“ во ПСЖ. Исто така, се споменуваат легендата на Реал, Раул Гонзалес, кој е тренер на јуниорите на Реал и поранешниот играч Чаби Алонсо, кој е тренер на тимот на Реал Сосиедад Б.