ФУДБАЛ

Бомба од Париз: ПСЖ почна преговори за спектакуларен трансфер!

Францускиот шампион ПСЖ започна преговори за трансфер на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

 

ПСЖ го отпиша аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди. Му рекоа дека може да оди, а тренерот Кристоф Галтие најави дека клубот бара напаѓач.

 

„Работиме напорно за да ја зајакнеме оваа позиција. Јас сум во контакт со Луис Кампос, а тој е во контакт со претседателот. Не ме сфаќајте погрешно, постојат одредени граници до кои можеме да одиме“, рече Галтие.

А изборот за нов напаѓач падна на Маркус Рашфорд. „Л’Екип“ тврди дека францускиот шампион започнал преговори за потенцијалниот потпис на ѕвездата на Манчестер Јунајтед и тоа секако би било вистинска бомба на крајот од преодниот рок.

 

Рашфорд се враќа по многу непријатната повреда поради која пропушти добар дел од минатата сезона, а во Париз се подготвени да му дадат шанса да ја подигне кариерата на повисоко ниво.

 

ПСЖ веќе стапил во контакт со луѓето кои ја водат кариерата на 24-годишниот напаѓач. Преговорите засега се позитивни и лесно може да се случи Рашфорд да го напушти Олд Трафорд до крајот на овој месец. Фудбалерот е заинтересиран и сака нови предизвици во кариерата, а ПСЖ е голем чекор напред.

 

Рашфорд е обврзан со договорот со „црвените ѓаволи“ до јуни следната година. Тоа значи дека парижаните би можеле да го добијат за значително помалку пари отколку што навистина вреди и ќе се обидат наскоро да го завршат овој трансфер.

Маркус Рашфорд целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед. Тој стана член на првиот тим во 2015 година и од тој момент е важен запчаник во играта на тимот од Олд Трафорд.

 

Сепак, во претходните сезони се удави и во сивилото на остатокот од клубот, што не можеше да го започне по заминувањето на Сер Алекс Фергусон од клупата. Сезона по сезона, тимот се бори да се врати на врвот на англискиот фудбал и тоа е болно да се гледа.

 

Во претходните седум години Рашфорд одигра вкупно 304 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна 93 гола.

 

Нападот на ПСЖ е веќе моќен со Меси, Мбапе, Нејмар, Екитике и Сарабија, а доаѓањето на Рашфорд многу би го засилило.