ФУДБАЛ

Бомба од Шпанија: Жорди Алба ја напушта Барселона!

Шпанските медиуми синоќа објавија дека Жорди Алба најверојатно ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок.

 

На полноќ завршува летниот преоден рок во најсилните европски лиги, а извесно е дека денеска не очекува вистински спектакл и многу трансфери.

 

Медиумите во Шпанија пишуваат дека Барселона ќе биде во центарот на вниманието бидејќи се очекува Каталонците да доведат барем уште едно засилување, но јасно е дека ќе има и заминувања од Камп Ноу.

Угледниот шпански новинар Жерар Ромеро ги погоди речиси сите трансфери кои Барса ги направи летово, а сигурно е дека и во последниот ден од преодниот рок многумина внимателно ќе ги следат неговите најави.

 

Ромеро синоќа во ситните часови објави вистинска „бомба“ бидејќи на Твитер објави дека еден од играчите кој десет години е стандарден член на првиот тим на Барселона денеска ќе го напушти клубот.

 

Станува збор за Жорди Алба, кој сезонава не е стандарден како и обично, а Алба наводно е на излезна врата од клубот бидејќи се очекува да пристигне Маркос Алонсо.

 

Ромеро објави дека Барселона веќе го договорила заминувањето на Алба со Интер. Барса и Интер се договорија за позајмица до крајот на сезоната, а клубот од Милано ќе покрива 40% од платата на овој искусен играч.

“Мислам дека никој не е подготвен за тоа што Барселона го подготви за последниот ден од преодниот рок. Луѓето од клубот се многу лути на мене што ја објавив информацијата за Жорди Алба. Ја добив од мои извори пред неколку часа и само требаше да го објавам, не требаше повеќе да чекам“, рекол Ромеро и додал.

 

„Не смеам да ви кажам колкава е платата на Жорди, но тој е еден од подобро платените играчи во тимот. Само ќе ви го кажам ова: Доколку се согласи да замине на позајмица во Интер, Барселона веднаш ќе може да го донесат и регистрираат Бернардо Силва. Се е подготвено. Сити има замена за него, има договор да ја донесе таа замена на позајмица“.

Сепак, се уште ништо не е официјализирано бидејќи Обамејанг треба да даде зелено светло на сето ова и се очекува во наредните часови јасно да одговори дали ќе оди во Интер или целта е да остане во Барселона.

 

Покрај Алба, Барселона денеска се очекува да ја напуштат и Обамејанг, Дест и Брејтвејт, но не е исклучено да има и некои други ненадејни заминувања.