Партизан, зад Динамо Загреб, е најефикасен на пазарот на Балканот со години унаназад. Талентираниот стопер Страхиња Павловиќ веќе е продаден во Монако за околу десет милиони евра, а овој тренд би можел да продолжи.
Интересот за Умар Садик е огромен, бидејќи Лион досега покажа интерес за него, а Наполи, кој треба да плати 12 милиони евра за неговите услуги, влезе во трката за неговиот потпис.
Партизан веќе плати 100.000 евра на Рома за едногодишна позајмица на стрелецот кој има постигнато 16 голови оваа есен, со договор црно-белите да платат клаузула од 1,6 милиони евра до јуни за да го купат договорот на Садик од Рома.
Медиумите во Србија јавуваат дека извршниот директор на Партизан, Милош Вазура, вчера бил во Италија. Тоа само ги разгори шпекулациите дека во клубот од Белград се спрема историски трансфер.