Се чини дека претстои голема „чистка“ во најтрофејниот клуб од Апенините.
Синоќа од Јувентус си заминаа Андреа Ањели, долгогодишен претседател на Јувентус и Павел Недвед, потпретседател и десна рака на Ањели. Оставки поднесоа и останатите членови на управниот одбор.
Ова го означува и крајот на ерата на Ањели, Андреа е на кормилото на торинскиот клуб од 2010 година. За претседател сега е назначен Џанлука Фереро.
Италијанските медиуми пишуваат дека причина за оставките е истрагата за Јувентус околу финансиските малверзации, пред се со трансферот и платите на Кристијано Роналдо.