На „Олд Трафорд“ се одржа добротворен натпревар на „Сокер Еид“ во кој учествуваа поранешни фудбалери, фудбалерки и поп-ѕвезди, а еден старт на познатиот Леонардо Бонучи на натпреварот наиде на негодување од јавноста ширум светот.
Bonucci Not about the Woke life 🤣🤣🤣#SoccerAid pic.twitter.com/CuQVwmL5RM
— Amit (@amit_mavar) June 15, 2025
„Сокер Еид“ се одржува секоја година од 2006 година, а го започна англискиот музичар Роби Вилијамс. Традиционално, Англија игра против „Остатокот од светот“, а оваа година беа собрани 18 милиони евра за УНИЦЕФ. Сепак, потегот што го направи Бонучи на натпреварот беше навистина непотребен. Поранешната англиска репрезентативка Стефани Хотон, која за прв пат во животот играше во „Сокер Еид“, одеше кон голот на „Остатокот од светот“ и немаше поим што ќе ѝ направи Бонучи.
