Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, зборуваше пред медиумите за неговата 1-годишна авантура во Милан.
„Тоа ме подобри. Добив побрзи рефлекси и и се подобрив онаму каде што бев послаб. Му благодарам на Милан, но Јувентус е мојот дом. Знам дека сум на вистинското место“.
Сепак, оваа сезона одбраната на Јувентус не започна толку добро, примија 9 гола на 10 натпревари! Речено, скоро 1 гол по натпревар.