ФУДБАЛ

Бонучи си најде клуб во Германија

Искусниот Италијанец не размислува за пензија.

Леонардо Бонучи постигна вербален договор да се пресели во Унион од Берлин, пренесува специјалистот за трансфери, италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Искусниот дефанзивец денеска ќе го напушти Јувентус и ќе се упати во главниот град на Германија каде ќе ги мине лекарските прегледи.

Доколку се биде добро за време на прегледите, тој ќе потпише договор барем до крајот на сезоната.

Веројатно во договорот ќе има опција за продолжување на соработката на уште една година.

Досега во сениорската кариера Бонучи настапуваше за Витербезе, Интер, Тревизо, Пиза, Џенова, Бари, Милан и Јувентус.