Фудбалските навивачи со нетрпение го очекуваат 21 часот и почетокот на финалето во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат ПСЖ и Баерн.
Сезоната што траеше подолго од очекуваното завршува вечерва на спектакуларен начин.
Имено, финалето во Лигата на шампионите ќе се игра вечерва во Лисабон, а ПСЖ и Баерн ќе се борат за тронот на Европа.
Натпреварот започнува за нешто помалку од еден час, а Тухел и Флик веќе ги објавија почетните постави.
ПСЖ: Навас, Бернат, Керер, Кимпембе, Тијаго Силва, Маркињос, Херера, Паредес, Мбапе, Ди Марија, Нејмар.
Баерн: Нојер, Алаба, Боатенг, Кимих, Дејвис, Алкантара, Горецка, Милер, Коман, Гнабри, Левандовски.