Борко Ристовски, по тешкиот пораз од Австрија и елиминација од ЕП 2020, даде изјава во која кажа дека им фали храброст.
„Ова беше една лекција за сите нас. Ние цело време даваме поддршка на сите ракометари, меѓутоа секој треба да биде свесен каде му е местото. Далеку сме од онаа репрезентација што бевме, ни фали храброст. Не е исто да се игра со Украина и со Чешка или Австрија. Сите ние треба да сме свесни, реалноста е таа. Посакував да грешам на стартот, потајно знаевме дека ни фали искуство и храброст. Не се работи за тактика, техника или нешто друго. Туку за храброст, да играте за својата чест и за екипата. По дуелот со Украина не фати еуфорија, малку како да се загубивме по тоа“, изјави Ристовски.
Македонија го завршува патувањето на ЕП како трето пласирана во групата.