Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ (20) најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд во летниот трансфер период.
Младиот напаѓач, според англиските медиуми, ќе стане нов член на Челзи, со кого е договорен трансфер.
Пулишиќ со Дортмунд има договор до 2020 година. Сепак, Борусија одлучи да го продаде уште наредното лето, а Челзи победи во трката за неговиот договор.
Така, ова 20-годишно момче од следното лето ќе игра на Стемфорд Бриџ каде што ќе има шанса да се докаже во една од најсилните лиги на светот.
Пулишиќ стана член на Борусија во 2015 и постигна 15 гола во 109 натпревари. Оваа сезона постигна три гола во 12 настапи.