ФУДБАЛ

Борусија Дортмунд го смени името и грбот!

Борусија Дортмунд е еден од најпопуларните германски клубови познат по своите крајно лојални навивачи.

Борусија Дортмунд реши да го смени името и грбот на клубот, но само за краток период да укаже на сериозните проблеми што навивачите ги поддржуваа.

Новото име е Руси Дртмунд, додека препознатливиот симбол од грбот на BVB 09 сега е всушност V9. Промената веќе се случи на социјалните мрежи.

Сите букви А, Б и број 0 беа елиминирани од името и грбот, а во германскиот клуб имаа оправдана причина за тоа.

Имено, Борусија реши да посочи колку е важно да се дарува крв на Светскиот ден на крводарителството, кој се слави денес, 14 јуни.

“За нас, тие се само букви, но за некои, А, Б и 0 се од витално значење за животот. Дарувајте крв, спасете животи”, рече Борусија.

Патем, се помалку има резерви на крв во светот, па Борусија реши да го посочи овој проблем и да ги покани сите да даруваат крв.

Борусија Дортмунд минатата сезона успеа да заврши меѓу четирите најдобри екипи во Бундеслигата, со што избори пласман во Лигата на шампионите со Един Терзиќ на клупата.

Марко Роуз е назначен за нов тренер за претстојната сезона, додека Терзиќ ќе остане во Борусија, без оглед на понудите на другите клубови, пред се на Ајнтрахт и Волфсбург.

Сигурно е дека навивачите на жолто-црните со нетрпение ја очекуваат новата сезона бидејќи веројатно ќе имаат можност да ги следат натпреварите во живо од трибините на Сигнал Идуна Парк, каде ги немаше во изминатите 15 месеци.

ПОВРЗАНО

Бундеслига