ФУДБАЛ

Борусија Дортмунд ја декласираше Борусија Менхенгладбах

Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја декласираа Борусија Менхенгладбах со 6:0 (2:0) во 23. коло од Бундеслигата, со фантастичната партија на Марко Ројс, кој постигна два гола и три асистенции.

Борусија Дортмунд има 49 бодови на второто место, шест помалку од Баерн и осум повеќе од Баер Леверкузен, додека Менхенгладбах е 13-ти со 26 бодови.

Првото полувреме беше многу чудно. Него го одбележа Марко Ројс , кој го постигна водечкиот гол во 26. минута, а шест минути подоцна асистираше до Малена за 2:0.

Дополнително, двајца домашни играчи мораа да го напуштат теренот поради повреди (Брант и Понграчиќ), а гостите од Менхенгладбах промашија три гола – Коне, Хофман и Нојхаус во одлични ситуации го гаѓаа голманот Кобел.

Хофман ја погоди и пречката во 63. минута, а за толку промашувања доби дополнителна казна. Во 70. минута Ројс ја додаде топката до Маријус Волф , кој од пречката дијагонално ја смести топката во голот од десната страна.

Хет-трик асистенцијата Ројс ја комплетираше во 74. минута, а овој пат голот го постигна Јусуф Мукоко – извонредна контра, Волф за Ројс, а Ројс за 17-годишниот Мукоко, кој од пет метри ја смести топката во мрежата. метри.

Гостите се распаднаа, а Ројс ја комплетираше петардата во новиот контра напад во 81. минута. И заслужи уште еден гол по блескавата игра. Не беше крајот, во 90. минута беше досуден пенал за домашните, а сигурен изведувач за конечни 6:0 беше Емре Чан.

Во следното коло, следната недела, Борусија Дортмунд ќе гостува кај Аугсбург, додека Борусија Менхенгладбах ден претходно ќе го пречека Волфсбург.

ПОВРЗАНО

Бундеслига