Борусија Дортмунд имаше успешен старт на групната фаза од Лигата на шампионите. На домашен терен на премиерниот меч го совладаа Копенхаген со убедливи 3:0. Ројс во 35-та, Гереро во 42-ра и Белингам 83-та донесоа убедлива победа. Гостите во 89-та постигнаа гол, но истиот беше поништен поради офсајд позиција по консултацијата со ВАР собата.
Манчестер Сити и Севиља се тимовите кои се наоѓаат во истата група, а меѓусебниот меч го играат вечерва од 21часот.