ФУДБАЛ

Борусија го „почести“ американскиот репрезентативец со договор за роденденот

Борусија Дортмунд денес потпиша нов договор со младиот американски репрезентативец Џовани Рејн.

Споменатиот фудбалер денес наполни 18 години, а најдобриот подарок го доби од својот клуб.

Имено, Борусија и Рејн потпишаа договор до летото 2024 година, а според странските медиуми годишно ќе заработува 2,5 милиони евра.

Претходниот договор помеѓу Рејн и Борусија важеше до летото следната година, а за неговите услуги беа заинтересирани неколку клубови (Реал, Ливерпул).

Оваа сезона, младиот американски претставник во Бундеслигата одигра седум натпревари и постигна еден гол со четири асистенции.

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига