ФУДБАЛ

Борусија најде замена за Халанд

Ерлинг Халанд на лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Одличниот норвешки напаѓач најверојатно ќе засили еден од двата најголеми шпански клуба, Реал Мадрид или Барселона, но ниту Борусија не седи со скрстени раце.

 

Милионерите побрзаа во потрага по негова замена, а германските медиуми пишуваат дека изборот паднал на Џанлуко Скамако, италијанскиот напаѓач кој моментално е член на Сасуоло.

 

23-годишниот фудбалер има договор со италијанскиот прволигаш до летото 2025 година, но речиси сигурно ќе го напушти клубот следното лето, а Борусија не би требало да има проблеми со исплатата на обештетувањето на Сасуоло.

 

Сепак, не е само Борусија заинтересирана за неговите услуги. Италијанските медиуми пренесуваат дека за неговите услуги е заинтересиран и Интер, а играчот сака да остани во Италија, па многу лесно може да се случи конкуренцијата во нападот на Интер.

Скамака оваа сезона постигна девет гола на 22 натпревари во Серија А за Сасуоло.

 

Како млад Скамака играше за Лацио, Рома, ПСВ и Сасуоло кои го потврдија и го испратија на позајмица во Кремонезе, Цволе, Асколи и Џенова, а од летото е стандарден член на овој тим.

 

 

ПОВРЗАНО

Серија А