ФУДБАЛ

Борусија нема долго да жали за Халанд, доаѓа ново чудо за скромна сума

Борусија Дортмунд на лето ќе го доживее она на што е навикнат овој клуб.

Во Дортмунд донекаде е вообичаена практика најдобрите играчи да одат во побогати клубови, а исклучок нема да биде и Ерлинг Халанд.

Халанд го договори својот трансфер во Манчестер Сити. Борусија ќе инкасира 75 милиони евра колку што е откупната клаузула за големиот Норвежанец.

 

Сепак, германскиот клуб како да знаеше што следува, па веќе подготвија резервна опција и практично се договорија да ја доведат замената на Халанд.

Странските медиуми јавуваат дека е направен договор околу доаѓањето на одличниот Карим Адејеми на Сигнал Идуна Парк.

 

Адејеми е новото „чудо на играчите“ од Ред Бул Салцбург исто како Халанд кој некогаш доминираше со австрискиот шампион.

20-годишниот играч оваа сезона има 23 гола и осум асистенции, а веќе успеа да забележи неколку настапи во дресот на А на германската репрезентација.

 

Инаку, Борусија за негово доведување ќе потроши 38 милиони евра, што не е голема бројка со оглед на тоа каков играч ќе донесе во своите редови.