Борусија Дортмунд ќе му понуди нов договор на Марко Ројс, бидејќи сегашниот истекува летото 2019 година. Ова го објави спортскиот директор на клубот Мајкл Зорк.
Марко е еден од нас, би сакал да го гледам долго време во Борусија, изјави Зорк.
Меѓутоа, пред извесно време, фудбалерот навести дека може да замине.
Има 4-5 странски клубови кои ме воодушевуваат. Ќе имам 30 години на 31 мај 2019 година. Тоа ќе биде мојата последна шанса за голема работа и мојата последна шанса да пробам нешто ново. Морам да бидам искрен пред себе и да кажам дека не знам каде се гледам тогаш, рече Ројс.
28-годишниот Ројс по неколкуте повреди од која најтешката во финалето на Германскиот куп во мај, е подготвен за натпревари. Тој ќе патува со тимот на тренинг кампот во Марбела.