ФУДБАЛ

Борусија убедлива на отворањето на новата сезона во Германија

Борусија Дортмунд со победа ја отвори новата сезона во Германија. Во 1. коло од ДФБ купот, избраниците на Един Терзиќ го совладаа Минхен 1860 со 3:0 како гостин.

Борусија на стадионот „Грунвалдер“ имаше улога на огромен фаворит против домашниот клуб кој со години е далеку од Бундеслигата и на крајот лесно победи.

Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме кога БвБ синоќа ги постигна сите три гола.

Мален го отвори водството на домашните во осмата минута. Погоди за 1:0 на асистенција на Гереиро, а по голот продолжија нападите пред голот на домаќините.

За вториот гол моравме да чекаме до 31. минута. Џуд Белингем овојпат ја затресе мрежата на Минхен за сигурни 2:0.

Четири минути подоцна, првиот гол во дресот на Борусија за ново лице во клубот. Карим Адејеми користи асистенција од Мален и погодува за 3:0.

Со овој резултат одиме на одмор, а во останатиот дел од натпреварот Борусија си ја заврши работата без поголеми проблеми. Един Терзиќ одмораше одредени играчи, но мора да се истакне дека неговиот тим пропушти голем број на шанси целосно да го прегази ривалот.

Сепак, целта беше постигната. Ова е пласман во следната рунда, а сигурно е дека Борусија заедно со Баерн е најголемиот кандидат за трофејот во Купот.

ПОВРЗАНО

Бундеслига