Навивачите и кошаркарите на Бостон му дадоа стоечки овации на кошаркарот на Далас, Дирк Новицки при неговото прво влегување на теренот во „ТД Гарден“, а потоа дури и навиваа за него да го погоди последниот шут на натпреварот.
https://www.instagram.com/p/BsPQA_8hfLx/?utm_source=ig_embed
Бостон го совлада Далас со 114-93 и тоа веројатно беше последно гостување на Новицки во оваа легендарна арена, бидејќи по завршувањето на сезоната и официјално ќе замине во пензија.
SPORT1.MK