Во 20. коло од англиската Премиершип, Челзи го пречека тимот на Брајтон.
Натпреварот се одвиваше во голема борба, гостите не дојдоа да се бранат во Лондон, а конечниот резултат гласеше 1:1.
Челзи поведе во 28. минута кога Маунт го ангажираше Лукаку кој погоди за 1:0.
На овој меч Челзи имаше уште една шанса за гол, но и гостите не останаа должни, имаа два добри обиди преку Маупеј, но одбраната на лондонскиот тим беше на висина на задачата се до првата минута од продолжението кога Велбек погоди за 1:1 и голем бод за Брајтон.
По 20 кола, Челзи е втор со 42 бода, осум помалку од Манчестер Сити и еден бод повеќе од Ливерпул, но и натпревар повеќе од „црвените“.