Гонзало Игуаин најверојатно ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона.
На почетокот на пандемијата на коронавирус, Игуаин реши да се врати во Аргентина и извесно време одби да се врати во Торино. Но, тој се врати во Италија пред неколку дена и наскоро ќе започне со тренинзи со остатокот од тимот.
По заминувањето во Буенос Аирес започнаа да се шират шпекулации дека тој ќе остане во Аргентина и ќе потпише за Ривер Плата каде ја започна својата кариера. Сепак, ништо од тоа и Игуаин ќе биде во Јувентус до крајот на оваа сезона.
Сепак, многумина се сигурни дека овој напаѓач ќе ја напушти „Старата дама“ во текот на летото, а сега нашироко се пишува дека тој ќе ја продолжи својата кариера во САД.
Игуаин се поврзува со ДС Јунајтед, каде што веќе игра и неговиот брат Федерико. Овој тим е подготвен да плати обештетување за Игуаин, со оглед дека има едногодишен договор со Јувентус.
Наводно, клубовите веќе преговараат за овој трансфер и се чини дека Игуаин ќе стави крај на неговата авантура на игра во Европа на крајот од оваа сезона.