ФУДБАЛ

Браќата Игуаин по многу години се повторно заедно

Во Интер Мајами, тимот од МЛС предводен од Дејвид Бекам, браќата Игуаин ќе играат заедно.

Гонзало Игуаин летово премина од Јувентус како слободен агент во Интер Мајами, а интересно е дека во тимот ќе му се придружи и неговиот постар брат Федерико, кој игра за ДЦ Јунајтед.

Браќата Игуаин играа заедно на Ривер Плата меѓу 2005 и 2007 година, но ретко беа заедно на теренот. Двајцата се напаѓачи, со тоа што Федерико има далеку поголемо искуство во САД каде игра веќе осум години.

На Интер Мајами не му оди добро, па затоа е 11-ти од 14 екипи, а не им помага ниту неодамнешното доаѓање на Блез Матуиди од Јувентус.