ФУДБАЛ

Братот на Рашфорд го испровоцира Мурињо на Инстаграм

Манчестер јунајтед синоќа го совлада Тотенхем на „Олд Трафорд“, Маркус Рашфорд беше херој на овој натпревар.

„Црвените ѓаволи“ успеаја да дојдат до победа против тим што неодамна го презеде нивниот поранешен тренер, Жозе Мурињо. Португалецот сигурно нема по добро да го паметен ова дерби и тоа е вина на Рашфорд кој ги постигна двата гола за домашната екипа.

По натпреварот се појави и неговиот брат Двајнде Мејнард, провоцирајки го Мурињо на Инстаграм. Тој објави фотографија од Португалецот додека сеуште беше тренер на Манчестер Јунајтед.

Таа фотографија е направена на натпреварот против Младите момчиња кога Рашфорд пропушти одлична шанса и Мурињо беше разочаран од тоа. Братот на Рашфорд сега јасно стави до знаење дека напаѓачот на Јунајтед си постави цел и штотуку го покажал тоа против составот на Мурињо.