Поранешниот фудбалер на Јувентус, Интер, Фиорентина, Галатасарај, Мајорка, Бразилецот Фелипе Мело откри зошто нокаутирал противнички голман. Тоа веше во времето кога настапуваше во Фиорентина, а противникот беше Диего Лопез, чувар на мрежата на Каљари.
-Лопез удри Џилардињо, и јас пријдов, по што ми ја навредуваше мојата ќерка. Ми рече дека ќе си објасниме во тунелот по мечот, а не знаеше што го чека. Знам дека го добивме тој натпревар со гол во последната секунда. Потоа во тунелот се сретнавме. Не му дозволив ништо да ми рече, само го удрив и го нокаутирав“, рече Мело.