Не го ни обработивме трансферот на Ендрик за 72 милиони евра во Реал Мадрид, а светските медиуми веќе пишуваат за новата фудбалска ѕвезда од Бразил.
Овој пат станува збор за младиот напаѓач на Атлетико Паранаенсе, Витор Роки.
17-годишникот веќе го нарекуваат новиот Нејмар, Атлетико летото потроши околу пет милиони евра за да го донесе од Крузеиро. Продолжи да бележи добри игри, велат дека е вистински кошмар за дефанзивците низ бразилската Серија А. Атлетико знаел кого купуваат, Витор во договорот со важност до 2027 година има неверојатна откупна клаузула која изнесува 100 милиони евра.
Секако, европските гиганти будно го следат развојот на младиот напаѓач. Медиумите пишуваат дека Бразилецот е и на скаутинг листата на Реал, иако го официјализирале доаѓањето на Ендрик. Покрај Мадрид, новото чудо од Бразил го следат и клубови како ПСЖ, Челзи и Барселона.
https://youtu.be/NlIDHgx_FPQ