Во првиот натпревар од 25. коло на шпанската Ла Лига, Реал на домашен терен го совлада Еспањол со 3:1, по пресврт.
Сите три гола беа постигнати во првото полувреме. Сепак, Мадрид успева да направи пресврт пред да замине на одмор. Најпрво Винисиус ја затресе мрежата на асистенција на Тони Крос, што за Бразилецот беше 19-ти гол сезонава.
Во 39. минута Милитао погоди со глава за 2:1.
Интересно, ова е четврти удар со глава за бразилскиот дефанзивец оваа сезона, што го прави најдобар од сите играчи во Ла Лига. Сите шест гола за Кралскиот клуб Милитао ги постигна со глава.
Марко Асенсио ја запечати победата со гол во третата минута од судиското надополнување.
Реал со оваа победа ја намали разликата зад Барселона на шест бода.
