ФУДБАЛ

Брегалница го прегази лидерот на табелата, Шкендија славеше минимална победа

Денеска се одиграа два натпревари од ПМФЛ.

Брегалница славеше убедлива победа (4-1) во 30. коло против лидерот Шкупи.

Штипјаните одлилно го започнаа натпреварот па во 15. минута Џокиќ им донесе славје на домаќините, а потоа израмни Сандеј Адетунџи во 29.минута.

Милан Џокиќ во 48.минута од пенал повторно донесе предност за Брегалница.

Во 75.минута Стојанов беше прецизен за беше третиот гол за домаќинот.

Во финишот од натпреватор, Марјан Алтипармаковски од пенал успеа да се запише во листата на стрелците и ги постави конечните, 4-1 за Брегалница.

На вториот натпревар Шкендија славе 1-0 против Работнички, стрелец на единствениот гол беше Дориев во 55. минута.

 

 

Голманот Денковски при резултат 2-1 му одбрани пенал на Фреди Алварез.

 

Останатите натпревари од 30.коло во Првата фудбалска лига се играат утре.

 

 

ПОВРЗАНО

ШкендијаРаботничкиБрегалницаШкупи