Мартин Брајтвајт најверојатно ќе ја напушти Барселона на крајот на оваа сезона.
Данецот во каталонскиот клуб пристигна пред две години од Леганес, што беше трансфер кој ги изненади сите. Сезонава не играше поради повреда, но откако се опорави, беше јасно дека тешко ќе добие минутажа.
Чави има на располагање неколку одлични напаѓачи во нападот, а јасно е дека Брајтвајт тешко ќе се избори за минутажата која ја очекува.
Затоа се повеќе се пишува за тоа дека Данецот ќе ја напушти Барселона на лето и веќе му стана јасно дека Чави не смета на него.
Но, Брајтвајт вчера повторно се најде во центарот на вниманието поради новата фризура. Данецот повторно го промени имиџот, а со новата фризура успеа да го привлече вниманието на навивачите на каталонскиот клуб.
Сепак, тие немаа толку убави коментари кон него, а еден од нив рече дека во 2022 година Брајтвајт повеќе ја променил фризурата отколку што запиша настапиу во дресот на Барселона.
