Британскиот скијач во слободен стил Гус Кенворти доживеа многу тешка несреќа во финалето на дисциплината „халфпајп“ на Игрите во Пекинг. Ова беше последна трка во кариерата на 30-годишниот спортист кој зад себе има три Олимписки игри.
Кенворти паднал многу лошо, ги скршил скиите, а по трката објавил дека до несреќата дошло поради лошото време, многу силниот ветер и слабата видливост.
„Ова не е настапот што сакав да го имам. Имајќи ги предвид условите, на крајот сум среќен што во моментов можам да одам и да завршам цел“, изјави Кенворти по трката на која заврши на осмото место.