Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на гости го победија Борнмут, по пресвртот со 2:1 во натпреварот на 11.коло во Премиер лигата.
Во центарот на внимание се најде српскиор фудбалер Немања Матиќ кој доби жестоки критики од британската јавност.
Имено, во Велика Британија, овој месец се одбележува денот во сеќавање на жртвите од Првата светска војна, а на дресовите сите клубови носеа посебен знак како и секоја година, а се работи за цветот на афионот.
Меѓутоа, Матиќ брзо се најде на ударна критика затоа што само на неговиот дрес не го имаше тој знак. На дресот јасно се гледа дека Матиќ го извадил овој знак и тоа допринесе за дополнителен бес во јавноста на Велика Британија.
По натпреварот, новинарите се обидоа да пронајдат зошто Матиќ не го сакал овој многу значаен знак на неговиот дрес. Сепак, српскиот фудбалер само одговори дека тоа е поради приватни причини. Исто така, ни од клубот не сакале да коментираат на оваа тема, тие се изјасниле дека ја почитуваат одлуката на Матиќ.
https://twitter.com/theemalldogg/status/1058983599238733824