Британските медиуми „полудеа“ во саботата навечер откако почнаа гласините дека Килијан Мбапе следната сезона би можел да ја помине во Ливерпул. Ова е веста која се појави практично на сите насловни страници на весниците кои излегуваа во неделата.
Наводно, „Црвените“ преговараат за позајмица за една сезона.
Јазот помеѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе одамна стана непремостлив. Заканите од клубот дека Мбапе нема да игра доколку одбие да го продолжи договорот почнаа да се остваруваат кога Мбапе остана надвор од списокот на патници во Азија, а се дополнително се искомплицира кога францускиот интернационалец ја одби понудата на Ал Хилал.
Како што се наведува, Ливерпул нуди едногодишна позајмица со гаранција дека нема да поставува прашања кога Мбапе ќе реши да замине во Реал на крајот од сезоната.
Пофалбите за односот меѓу Јирген Клоп и Килијан Мбапе станаа составен дел од медиумските конференции на дуото секогаш кога се зборува за трансфер на Мбапе. Од своја страна, Клоп секогаш потенцираше дека Ливерпул нема доволно пари да си го дозволи Мбапе.
Повторно, од друга страна, не би било чудно доколку во целата оваа приказна како преговарачка страна се вклучи „Најк“, кој ги спонзорира и Ливерпул и Мбапе.
А што ќе биде со целата приказна и дали ова е само обид да се привлечат читатели, останува да видиме.
