ФУДБАЛ

Бриж ќе биде прогласен за шампион на Белгија

Белгиската Јупитер лига, ќе биде првата лига која ќе прогласи шампион, откако сезоната беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Одборот на белгиската лига одлучи да го прогласи првенствот за завршено, според моменталните позиции, а со тоа Клуб Бриж ќе стане шампион на Белгија.

Со освојувањето на титулата во Белгија, Бриж ќе игра во Лигата на Шампиони, а вицешампионот, Гент ќе игра во квалификациите.

ФФБ се очекува да донесе одлука и за финалниот натпревар во Купот.

Опција е тој да не се одигра и целото натпреварување да се поништи или пак да им се додели титула на протагоностите во финалето.