Се случи она од што стравуваа навивачите на Барселона овие денови.
Каталонскиот гигант вечерва потврди дека соработката со Лионел Меси нема да биде продолжена, што предизвика вистински шок во светот на фудбалот!
Така, Меси за прв пат дојде во ситуација да биде слободен играч, па својата среќа ќе мора да ја бара во друг клуб.
Ја започна својата величествена кариера во младинските капацитети на Њуелс Олд Бојс, каде што не остана долго. Извидниците на Барселона го забележаа како млад и без многу размислување го доведоа во своите редови.
Ова подоцна се покажа како најдобар можен потег. Во тимот од Камп Ноу, Меси ги помина сите младински селекции, а во првиот тим се приклучи уште во 2004 година, кога дебитираше против Еспањол.
Од тогаш до денес, тој го носеше дресот на Барселона на точно 778 официјални натпревари во кои постигна нереални 672 голови, или 1,15 гола по натпревар!
Тој постигна 474 во Примера дивизион и 120 во Лигата на шампионите.
Со Блауграна освои се што може да се освои. Десет шампионски титули на Шпанија, седум Купови на Кралот на Шпанија, исто толку Супер Купови, четири Лиги на шампиони, три европски Супер купа и три Светски клупски шампионати, додека на индивидуално ниво освои шест Златни топки.
Тоа не е крај. Рекорд по број на голови во една сезона за клубот – 50 (2011/12), но и асистенции – 21 (2019/20). Единствениот играч што постигнал повеќе од 40 голови во една сезона десет години по ред. Единствениот играч кој постигнал повеќе од 60 голови на сите фронтови во две последователни сезони. Навистина нереално…
Едно е сигурно, повеќе нема да го гледаме во дресот на Барселона, а во кој клуб би можел легендарниот Аргентинец да ја продолжи кариерата?