Реал Мадрид едноставно не може без Лука Модриќ и Тони Крос.
Карло Анчелоти синоќа реши да ги одмори и двајцата пред важниот натпревар во Лигата на шампионите против Челзи, а Виљареал успеа да го казни и да освои три бода.
Статистиката покажува дека Реал игра многу подобро кога на терен се Модриќ и Крос, бидејќи со двајцата во натпреварите од Ла Лига освоија 25 од можни 33 бода со резултат 8-1-2 на 11 меча.
Кога двата, или барем еден не играа на 17 натпревари, Реал има дури осум „неуспеси“, односно скор 9-5-3.
Не треба да заборавиме дека договорите и на Модриќ и на Крос истекуваат на 30 јуни, но засега нема индикации дека ќе си заминат од Реал, туку дека ќе чекаат до крајот на сезоната за финални преговори и потпис.
Засега сите во Реал се фокусирани на двомечот со Челзи во Лигата на шампионите и финалето на Купот на Кралот со Осасуна на 6 мај.
