Кристијано Роналдо се претстави пред фудбалскиот свет со одлични игри во дресот на Манчестер Јунајтед во кој мина шест сезони.
Роналдо пристигна во Манчестер Јунајтед летото 2003 година од Спортинг за 19 милиони евра, а шест години подоцна „црвените ѓаволи“ го продадоа во Реал Мадрид за тогашни рекордни 94 милиони евра.
Секако Роналдо е еден од најдобрите играчи кои играа во дресот на Јунајтед, а тој остави длабок белег на „Олд Трафорд“. Тој одигра 292 натпревари за овој клуб, постигна 118 голови и додаде 69 асистенции.
Како што е познато, Роналдо носеше дрес со број седум на грбот што е негов заштитен знак. Но, откако го напушти дресот на Јунајтед со број седум во 2009 година, се чинеше дека некој го проколнал.
Пет фудбалери го носеа овој број во Манчестер Јунајтед по Роналдо и благо речено тие тотално потфрлија.
Бројот седум по Роналдо во Јунајтед го носеа Мајкл Овен, Антонио Валенсија, Анхел Ди Марија, Мемфис Депај и Алексис Санчез. Статистиката е навистина погубна бидејќи заедно тие успеаја да постигнат само 15 голови во Премиер лигата во 11 години од заминувањето на Роналдо.
Ќе биде интересно да се види кој ќе ја носи седумката во Јунајтед следната сезона и дали ќе можат да го тргнат проклетството од овој проблем.
Since Cristiano Ronaldo's departure 11 years ago, Man United's No. 7s have scored just 15 Premier League goals. pic.twitter.com/W3u82L9vLM
— ESPN FC (@ESPNFC) June 11, 2020