ФУДБАЛ

Брука на Реал против Еибар

Реал Мадрид доживеа вистинска катастрофа во Еибар, каде што загуби со убедливи 3:0 во 13. коло од Ла Лига.

Сантијаго Солари донесе нова надеж за кралевите, но неговиот тим денеска е потопен.

Еибар започна фантастично. Ескаленте со гол во 16. минута го отвори резултатот (1:0) и истиот по првите 45 минути.

Кога од Реал се очекуваше да направи пресврт или барем да се изедначи, домашната екипа со два брзи гола ја заврши работата.

Прво во 52. минути Енрич постигна гол за 2:0, а пет минути подоцна, Кике го постигна конечниот резултат од 3:0 и голема победа над моќниот Реал.

Ла Лига, 13 коло:

Еибар – Реал Мадрид 3:0

ПОВРЗАНО

Ла Лига