Манчестер Јунајтед требаше да игра дерби против Ливерпул на домашен терен во недела, но натпреварот беше одложен по хаосот создаден од навивачите на домашниот тим.
Навивачите на Манчестер Јунајтед упаднаа на Олд Трафорд пред натпреварот против Ливерпул за да го покажат своето незадоволство и протест против сопственикот на клубот, семејството Глејзер.
Снимката од „Олд Трафорд“ шокираше многумина и беше јасно дека натпреварот не може да се игра од безбедносни причини, а наскоро ќе биде познат и новиот термин за едно од најголемите англиски дербија.
Фудбалерите на двата тима се подготвуваа за натпреварот, и добија информации за тоа што се случуваше на стадионот. За среќа тие сè уште беа во своите хотели и избегнаа средба со навивачите на стадионот.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед пристигнаа денес во Рим, каде утре ќе се соочат во полуфиналето во Лига Европа против Рома.
Новинарите кои се најдоа на аеродромот успеаја да го запрат Бруно Фернандеш за да може да им даде изјава, а едно од прашањата беше како тој реагираше на тоа што се случи во неделата.
Фернандеш не сакаше да зборува многу за тоа и откри дека бил во неговата соба и од обезбедувањето на хотелот добил информација дека не треба да ја напушта просторијата се додека не се смири ситуацијата на стадионот.
“Бев во мојата соба и воопшто не се обидов да излезам затоа што луѓето од осигурувањето ни го кажаа тоа. Не знам дали некој од играчите се обиде да излезе и да види што се случува”, рече Фернандеш и додаде.
“Што правев? Искрено, го гледав натпреварот помеѓу Удинезе и Јувентус. Чекав да видам дали ќе играме, но брзо пристигна информација дека натпреварот се одложува и тоа е тоа”.
Многумина беа изненадени што го гледаше натпреварот помеѓу Удинезе и Јувентус, иако во кариерата играше во дресот на клубот од Удине. Фернандеш пристигна во Удинезе летото 2013 година од Новара и помина три сезони во овој клуб, а потоа замина во Сампдорија.