Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш во новата сезона ќе има нов број на грбот.
Како што објави Манчестер Јунајтед на социјалните мрежи, Португалецот од сезоната 2022/23 ќе го носи бројот 8 на дресот.
Во претходниот период 27-годишниот играч за врска настапуваше за „црвените ѓаволи“ со бројот 18 на грб, додека „осумката“ му припадна на Хуан Мата.
Бидејќи шпанскиот ветеран летово го напушти Олд Трафорд, неговиот број стана достапен.
Бруно Фернандеш е во Манчестер Јунајтед од јануари 2020 година. Минатата сезона постигна 10 гола и даде 13 асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања.
It was meant to be… 🖊🔥
Introducing our new number 8️⃣: @B_Fernandes8! 🔴#MUFC pic.twitter.com/ogkg96WgL8
— Manchester United (@ManUtd) July 7, 2022