Репрезентативецот на Португалија и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш верува дека неговиот тим сезонава ќе освои еден трофеј, а можеби и два.
Розите не цветаат на Олд Трафорд откако легендарниот Сер Алекс Фергусон се пензионираше. Последната титула во Премиер лигата е освоена под негово водство, во 2013 година. Последните трофеи беа освоени во 2017 година, кога на клупата седеше Жозе Мурињо. Португалецот триумфираше во Лига Европа и Лига Купот на Англија, но тоа не беше доволно за да го задржи местото на клупата на славниот клуб.
Во меѓувреме се сменија менаџерите, оваа сезона Олеа Гунар Солскјер го наследи Ралф Рангник, но Манчестер Јунајтед е далеку од борба за титулата во Англија.
Сепак, тој се уште е во игра во Лигата на шампионите и ФА Купот на Англија. Не само што е во игра. Еден од најдобрите играчи во тимот, Португалецот Бруно Фернандеш, верува дека навивачите на „црвените ѓаволи“ со нетрпение ќе ги очекуваат трофеите оваа сезона.
„Не ми е грижа што мислат или велат луѓето за нашите шанси да ја освоиме Лигата на шампионите или ФА Купот. Мислам дека имаме шанси да ги освоиме“, изјави Бруно Фернандеш.
Манчестер Јунајтед во следното коло од ФА Купот (4 февруари) ќе го пречека второлигашот Мидлзброу, додека во нокаут фазата од Лигата на шампионите ќе игра против Атлетико Мадрид (гостување на 23 февруари, реваншот на 15 март).
„Црвените ѓаволи“ во моментов се на четвртото место во Премиер лигата. Со натпревар помалку заостануваат цели 19 бода зад градскиот ривал Сити.
Bruno Fernandes believes Man United can win the Champions League 😤 pic.twitter.com/8KF9l1KosO
— ESPN FC (@ESPNFC) January 29, 2022